Срцето ни остана во соблекувалната, дебакл наместо чудо (ВИДЕО)

1091

Од Копенхаген за Спортспорт Огнен Чак Дојчиновски 

Македонија не успеа да направи ново чудо и да се пласира во самата завршница од баражот за Мундијалот. Овојпат, наспроти подвигот во Палермо и онаа историска победа против Италија во Копенхаген загубивме од Данска со високи и убедливи 4:0. Данска, која што одигра екстра петанесетина минути на стартот на второто полувреме и постигна три гола во радиус од само десет миниути. Се што градевме до тогаш на овој меч се сруши како кула од карти. И нашата игра, и нашата тактика и нашите соништа за повторен голем успех во оваа фаза.

Тие „убиствени“ десетина минути вечерва не чинеа дебакл, наместо нова историска победа и славје.

Штета, Македонија вечерва одигра под своите можности, Данска ни одржа лекција во второто полувреме.

Тактички добро одиграно прво полувреме

Она што го посакувавме на стартот на овој меч очигледно дека и го добивме во првото полувреме. Домаќинот свесен дека треба да нападне не го направи тоа од првата секунда туку трпеливо чекаше шанса. Стопроцентна не дочека во првата делница од мечот, туку данците преку Меле, Исаксен и Бах се обидуваа од далечина. Димитриевски на висина на задачата во повеќе наврати, што беше одлично за нас, затоа што ни требаше сигурност во позадина. Хојлунд имаше добра ситуација, влезе во шеснаесетникот и биеше но Висар Муслиу навреме блокираше во корнер.

Ние пак преку Ќамили можевме многу лесно да дојдеме до шанса во 11. Минута, но одличната топка на Барди тој не ја прими како што треба и предноста која што би ја имал пред данскиот дефанзивец пропадна.

Од друга страна прекините наши најсилни оружја, неколку корнери и слободни удари сите дело на Енис Барди.

Негатива на самиот старт на второто полувреме

Колку и да добро стоевме во првото полувреме, она што најмалју го посакувавме на стартот на вториот дел тоа и се случи. Хојлунд одлично проигра за Исаксен, кој што изби сам пред Димитревски. Одлично беше озблокиран со лизгачки старт од Муслиу, но топката замина во нозете на Дамсгард кој што погоди во празната мрежа на Димитриевски кој што сеуште не беше поставен како што треба на гол линијата.

Се беше готово за десетина минути

Ако ова не беше доволно, Македонија не беше опоравена уште ниту од првиот примен гол, а веќе прими и втор.

Исакен искористи една лоша реакција на нашата одбрана и погоди за 2:0 во мрежата на немоќниот сега веќе Димитриевски.

Само минута подоцна, во 59 минута истиот играч го искористи отпадокот по ударот и добрата интервенција на Димитриевски и погоди во неговата празна мрежа.

Норгард само ни ја запечатува судбината

Во 76. Минута на асистенција на свежиот Кристијан Ериксен кој што влезе само три минути подоцна, Кристијан Норгард погодува за 4:0 во мрежата на Македонија.

 

Бараж за  Мундијал полуфинале:

Данска  –  Македонија 4:0 (0:0)

Стадион Паркен во Копенхаген

Гледачи: 35.000 гледачи

Стрелци: Дамсгард 49, Исаксен 58, 59, Норгард (Д)

Ж. Картони: Елмас, Барди (М)

Данска: Хермансен, Нелсон, Мехле, Исаксен, Хојлунд, Фрохолд, Дамсгард, Норгард, Бах, Хјумланд, Хојсберг

Македонија: ДИмитриевски, Херера, Зајков, Муслиу, Елмас, Стојчевски, Барди, Чурлинов (Миовски 65), Растодер (Мусовски 78) , Ќамили (Алими 65), Атанасов (Дориев 65)

FOTO UEFA

ПретходноРеал Мадрид го натерал Мбапе да лаже за грешката на лекарите
СледноВака се сака Македонија: „Фалангата“ со поддршка за фудбалерите после поразот (ВИДЕО)