Данските новинари по вчерашниот натпревар со Македонија имаа низа прашања кон селекторот за негов коментар за наводното „трошење“ време од нашите репрезентативци при резултат 0:0. Тие потенцираа дека тенденцијата на послебите тимови да „лежат“ по теренот без причина, беше проблем кој предизвика лавина реакции на домашните навивачи особено во првото полуреме.
„Да… тоа е проблем во фудбалот. Тоа е еден од големите проблеми што ги посочуваат судиите. Губење време. Но, никој не се труди да го погледне, дури ни јас. И секако дека е досадно. Затоа само посочив дека не треба да имаме натпревар со голман (н.з. Столе Димитриевски) кој постојано се зафркава 95 минути“, изјави Ример.










