Екипата на Куманово заработи парична казна од 114.000 денари за дуелот против ТФТ, кој го играше на домашен терен.
Причината поради која овој тим ја има најголемата казна оваа сезона се фановите. Раководството на клубот 100.000 денари ќе мора да плати поради попречување на снимање на дуелот со ТФТ од трибината каде што се наоѓаат навивачите. Бројните знамиња кои постојано се веат попречуваат мечот да биде пренесуван без пречки.
Останатите 14.000 денари се поделени: 8.000 денари поради неспортско навивање, а кошаркарот Урош Луковиќ доби казна од 6.000 денари за техничка грешка.










