Погледнете со какви емоции Столе ја пее химната (ФОТО)

258
Photographer Valeri Kosyrev/Valles Media

Македонската фудбалска репрезентација својата шанса за пласман на Светско првенство ќе ја бара во иднина. Чудото во Копенхаген не се случи, Македонија беше убедливо поразена од Данска со 4-0 во полуфиналниот меч од баражот за место на СП.

Додека нашиот голман, Столе Димитриевски од „петни жили“ се обидуваше да ја сочува мрежата празна, Македонија имаше добар резултат. Но, во второто полувреме не беше доволен ниту искусниот голман, одбраната се соочи со огромни проблеми, а нашиот Столе беше немоќен.

Од овој меч покрај „Фалангата“ која беше на врвно ниво, ќе го издвоиме токму Столе и емоциите со кои ја пееше македонската химна. Секако низ одлични фотографии изготвени од нашиот пријател – Photographer Valeri Kosyrev/Valles Media.

ПретходноМЗТ Скопје со популарна цена на билетите за вечната пресметка
СледноБурата го оштети и домот на „Дражен Петровиќ“ (ВИДЕО)