Уште еден лош потег на РК Вардар: Го заборави Стоилов во апелот зачувување на историјата

1095

Ракометниот клуб Вардар 1961 има план да создаде трофејна соба во рамките на салата „Расадник“ во која ќе се најдат сите дресови кои биле дел од историјата на клубот.

Во апелот до сите фанови кои посакуваат постари дресови сподели фотографии од поранешни и сегашните ракометари, а на ниту на една слика не се најде легендата Стојанче Стоилов ама затоа има место за странски играчи.

Вакво нешто не смее да се случи на клуб како што е Вардар, особено зошто Столе подигна два пехари во Лигата на шампиони, и голем број во сите останати натпреварувања. Тој беше со Вардар 1961 кога сите избегаа кога владееше тешка финансиска криза.

ПретходноХаланд донираше на својот роден крај ракопис за Викинзите вреден 100.000 фунти
СледноМЗТ Скопје со популарна цена на билетите за вечната пресметка