Куп на Македонија: Борец си закажа финале со Штип УГД!

31
ФОТО:.facebook.com/volleyballmkd

Борец и УГД Штип се финалистите во Купот на Македонија во одбојка во машка конкуренција. Финалето се игра утре од 19:30 часот во салата “Јане Сандански“ во Скопје.

Прво штипјани успеа да слават со 3:0 против Струмица и ова за нив ќе биде трето финале во серија и ќе го брани пехарот.

Потоа во второто полуфинале вечерва, составот на Борец исто со 3:0 славеше против тимот на Работнички Волеј. Велешкиот состав беше сигурен во првите два сета, додека во третиот имаше негатива од 16:20, која успеја да ја анулира и со пресврт да го освои сетот на разлика и да си го потврди местото во финалето.

ПретходноЗа малку сензација: Англија со гол од пенал во 90.минута се спаси од пораз од Андора!(ФОТО)
СледноТФТ се измачи за победа против Гостивар!(ФОТО)