МЗТ Скопје со популарна цена на билетите за вечната пресметка

66

Викендов на програмата е дерби дуелот помеѓу МЗТ Скопје и Работнички, дуелот е закажан за в недела со почеток во 19 часот. Иако и оваа сезона тимот од „Градски Парк“ мака мачи, и се наоѓа на деветото место во Супер-лигата, сепак кога станува збор за овие два клуба, натпреварите се посебни.

Од таборот на актуелниот шампион го најавија мечот и известија дека ги пуштиле билетите во продажба со популарна цена од 100 денари.

„Полека наближува дуелот кој секогаш буди голем интерес во Аеродром – нашата пресметка на домашен против вечниот ривал Работнички!

 Средбата е закажана за в недела од 19 часот – одличен термин за да дојдете и да навивате за вашите миленици во сино-бела опрема.
Секоја дланка и секој глас се важни – дојдете да се радуваме заедно на уште еден триумф над вечниот ривал!

 Билетите веќе се во продажба преку МК Тикетс (линк во коментари), а ќе може да се купат и на денот на натпреварот од 16 часот на билетарницата пред салата. Цена: 100 денари“, порачаа од тимот на МЗТ Скопје. 

ПретходноУште еден лош потег на РК Вардар: Го заборави Стоилов во апелот зачувување на историјата
СледноПогледнете со какви емоции Столе ја пее химната (ФОТО)