Новак Ѓоковиќ се откажа од уште еден турнир!

115
ФОТО:facebook.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ одлучи да го прескокне првиот турнир на земјена подлога во сезоната и нема да игра на Мастерсот во Монте Карло, објавија организаторите.

По повлекувањето од Мастерсот во Мајами, најдобриот тенисер на сите времиња одлучи да се повлече од Мастерсот што се игра во Кнежевството, како што објавија организаторите на тоа натпреварување.

За потсетување, Ноле се повлече од турнирот во Мајами поради повреда на раката.

Ќе видиме за кои турнири на земјена подлога ќе се одлучи Ноле, што ќе го подготви за Ролан Гарос, вториот Гренд слем турнир во сезоната.

Минатата година, како шампион на Женева, тој отиде во Париз, каде што стигна до полуфиналето.

ПретходноБурата го оштети и домот на „Дражен Петровиќ“ (ВИДЕО)
СледноКуманово е казнет со 100.000 денари поради знамињата на фановите