Нова, петта победа во серија за кошаркарите на Партизан во Евролигата и тоа против Валенсија со 110:104 и тоа по две продолженија. “Црно – белите“ во Арената во Белград постојано го бркаа водството на тимот од Шпанија. Сепак на крајот успеа да победи и да ги израдува своите фанови. Бадијала ваквата форма на Партизан, ако се знае дека веќе одамна ги загуби сите шанси барем за плеј – ин, вака игра само за својата чест.
Браун со 31 поени беше најефикасен на мечот.
Лидерот на табелата, Фенербахче и вечерва во меч од 34.коло во Евролигата ги разочара своите фанови. Пораз дома од Жалгирис со 82:92.
Басконија беше подобра од Хапоел со 118:109, додека Панатинакос со 107:97 славеше победа против Монако. Ова е екстра значајна победа за гигантот од Атина во битката за што подобро место во плеј – офот. Нан запиша 25 поени,“Македонецот“ Шортс постигна 12 додека охриѓанецот Осман заврши со осум поени во победничкиот состав.
И во последниот меч вечерва, Барселона на свој терен, по голема борба, успеа да ја победи Ц. Звезда со 92:88.










