Ример: Знаев дека ќе ги исцрпиме!

599

Селекторот на данската фудбалска репрезентација, Брајан Ример, по вчерашната победа над Македонија пред новинарите истакна дека е презадоволен од ангажманот на сите негови избраници. Ример потенцираше дека и покрај големиот број отсуства во тимот, тоа воопшто не се почуватвува на теренот.

„Последната линија ни беше целосно променета, но навистина сите кои се појавија во последната линија помогнаа за перформансите на тимот. Да се состави таков тим дефанзивно, а потоа да се излезе на теренот и да се претставите на начин на кој го направија тоа, морам да кажам дека сум многу импресиониран“, беа пофалбите од Ример.

За нерешените 0:0 на крајот на првиот дел и за трпеливоста да се дојде до предност против Македонија, селекторот на Данска вели:

„Влеговме на полувреме од добра позиција, бидејќи знаевме дека ќе ги исцрпиме“, потенцираше.

Данска ќе се сретне со Чешка во вторник во решавачкиот натпревар за билет за Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

ПретходноШарлот како казнена експедиција
СледноБразил загуби од Франција, навивачите скандираа за Нејмар!