Дали на повидок е голем скандал во мак- фудбалот? Имено како што јавуваат медиумите во Турција, поточно “vardarpress.com“,претседател на клуб од ПМФЛ е фатен во шверц злато во вредност од 300.000 евра. Како што пренесува порталот, неговите иницијали се Б.Х.
Тој бил фатен во возило на автопатот Батман – Сирт.
“Контрола на патот спроведена од безбедносните сили во покраината Батман, Турција, откри прекуграничен скандал. Според извештаите, полицајци запреле такси под сомнение и претресле торба што му припаѓала на северномакедонски државјанин идентификуван како Б.Х. При претресот биле откриени 2 килограми и 581 грам стопено злато што се транспортирало нелегално“ се вели во написот на порталот.











