ТФТ се измачи за победа против Гостивар!(ФОТО)

27

Во првиот меч од 21.коло во нашата елитна кошаркарска лига, кошаркарите на ТФТ просто се измачија да дојдат до планираната победа против Гостивар со 87:82. Имено се играа последните секунди, кога при резултат 82:82, домашните со тројка поведоа со +3 на седум секунди до крајот. Гостивар потоа имаше неуспешен напад а ТФТ со уште два поени стави крај на овој меч.

Инаку за ТФТ ова беше “генералка“ пред „мајсторката“ во АБА2 лигата.

Натпреварот се играше во салата “Лазар Лечиќ“ во Градски Парк а гостите и тоа како одиграа квалитетно, посебно во третата четвртина која ја доби со 14:22. Инаку на пауза ТФТ замина со +3 поени, па така мораше да решава во последниот период.

Ова беше 19-та победа на тимот на ТФТ во тековната сезона, сепак малку недостигаше Гостивар да го изненади фаворитот.

Кај домашните најефикасен беше Зафиров со 18 поени, додека кај гостите Црниќ запиша 25 поени.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноКуп на Македонија: Борец си закажа финале со Штип УГД!
СледноПо сообраќајната несреќа: Уапсен е Тајгер Вудс!