Халанд донираше на својот роден крај ракопис за Викинзите вреден 100.000 фунти

42
ФОТО: Manchester City/FB

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд одлучи да донира редок ракопис за Викинзите вреден 100.000 фунти на библиотеката во градот каде што пораснал, објави денес Би-Би-Си.

Фудбалерот на Манчестер Сити, кој е најдобар стрелец во историјата на норвешката репрезентација со 55 гола на 48 натпревари, заедно со својот татко Алф-Инге Халанд го купија ракописот за 1,3 милиони норвешки круни (околу 100.000 фунти), што е рекорд за продажба на книга во Норвешка.

Станува збор за издание од 1594 година, базирано на делото на средновековниот историчар Снори Стурлусон, кое ги раскажува приказните за викиншките кралеви, кралици, воини и обични луѓе.

Халанд го донира единствениот преживеан примерок на библиотеката во Брин, каде што ќе биде изложен и достапен за јавноста.

„Сакам книгата секогаш да биде отворена за да можат луѓето да читаат за оние кои доаѓаат од истата област како и јас“, изјави Халанд за норвешките медиуми.

Напаѓачот е роден во Лидс, каде што играл неговиот татко во тоа време, но пораснал во Брин, во западна Норвешка.

„Имав среќа да го остварам мојот сон преку фудбалот, но знам дека не секој има таква можност. Книгите им овозможуваат на многу луѓе да сонуваат големи соништа и да го пронајдат својот пат“, додаде норвешкиот интернационалец.

Халанд моментално е најдобар стрелец во Премиер лигата оваа сезона со 22 гола на 29 натпревари. Минатата година, тој беше и најдобар стрелец во квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Европа, кога Норвешка се квалификуваше на завршниот турнир за прв пат од 1998 година.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ОРЕВОКРШАЧКА НА СЦЕНАТА НА НОБ
СледноУште еден лош потег на РК Вардар: Го заборави Стоилов во апелот зачувување на историјата