Тимот на Шарлот во НБА лигата сезонава игра и тоа како квалитетно и важи ама буквално речиси на секој меч за фаворит. Овојпат со победа од 114:103 ја прекина серијата од осум последователни победи на екипата на Њујорк.
Кон Кнапел повторно во фокусот. Четвртиот пик на драфтот впиша 26 поени 10 скокови и осум асистенции. Ламело Бол додаде свои 22 коша, Брендон Милер 21.
Ако се биде во ред со „Хорнетси“ во следниот период се мисли тука пред се на здравствениот момент, оваа екипа е сериозен претендент за големи нешта.
Кај гостите 26 поени и 13 асистенции за Брансон, а како течеше мечот тој повеќе личеше како да припаѓа во плеј офот, а не во регуларниот дел од сезоната.
Резултати:
Шарлот – Њујорк 114:103
Деторит – Њу Орлеанс 129:108
Орландо – Сакраменто 121:117










