И Ирците се разочарани, но веќе гледат кон Македонија: Наша работа е да станеме и да се подготвиме најдобро за следниот меч

389

Иако имаа предност од 0:2 на вчерашното гостување во Прага, репрезентативците на Р. Ирска не успеаја да ја минат првата бараж-пречка на патот до Светското првенство, па сега во вторник против Македонија ќе имаат само пријателски дуел во Даблин. Селекторот на Ирска, Исланѓанецот Халгримсон, по натпреварот со Чешка во кој неговите момци беа поразени по изведување на пенали, вели дека тимот е во раст и дека очекува уште подобри настапи, веќе и на дуелот со Македонија.

Наша работа е да рестартираме веќе утре. Можеби нема да бидеме насмеани, но мора да мислиме веќе на следниот натпревар. Тоа е нашата работа. Да станеме и да одиме повторно утре и да се подготвиме за следниот натпревар кој ќе биде со Македонија на Авива. Ќе разговарам со оние играчи кои веројатно чувствуваат поголема болка од другите и ќе се обидам да ги мотивирам. Но, кај вистинските професионалци, не е важно што ќе им каете, јасно е дека секогаш ќе има болка по една ваква елиминација“, потенцирал селекторот на нашиот следен противник.

Р. Ирска и Македонија во вторник во Даблин ќе го одиграат дуелот на поразените во овие квалификациски баражи за Мундијалот 2026.

ПретходноФФМ со благодарност до фановите и целата македонска јавност: Вашата поддршка е мотив да станеме посилни
СледноИнтервју со Јелена Антиќ, за истрајноста и љубовта кон кошарката која не згаснува: Не постои краток пат до успехот!