По сообраќајната несреќа: Уапсен е Тајгер Вудс!

84
ФОТО:.facebook.com/Tiger/

Познатиот голфер и еден од најбогатите спортисти во светот, Тајгер Вудс, беше уапсен и обвинет за возење под дејство на алкохол откако беше вмешан во сообраќајна несреќа во петокот, соопшти полицијата во САД.

Шерифот Џон Буденсик од канцеларијата на шерифот на округот Мартин во Флорида им изјави на новинарите дека Вудс покажал „знаци на расеаност“ по инцидентот, кој се случил денес кратко по 14 часот по локално време. Вудс возел возило „Ленд Ровер“, кое, според полицијата, се обидело да престигне камион со голема брзина, по што излетало од патот и се превртело на страна. На местото на настанот му е извршен алкотест, кој добил негативен тест, но одбил да даде примерок од урина, изјави шерифот.
Против него се поднесени и обвиненија за предизвикување материјална штета, како и за одбивање да се подложи на законски пропишано тестирање.

ПретходноТФТ се измачи за победа против Гостивар!(ФОТО)
СледноАнгличаните најавуваат: Манчестер Сити ќе биде казнет со одземање на 60 бодови?!