Прилеп победнички кај Струга

41

Во меч од 3.коло од плеј – аутот, ракометарите на Прилеп како гости славеа кај Струга со 25:31. Прилепчани уште на стартот покажаа дека ги интересира само победа на овој меч, така и одиграа а на пауза заминаа со 12:17 и тука се виде на која страна ќе оди победата.

Во второто полувреме стружани се обидоа да ја намалат разликата, во еден момент дојдоа и до -3, но сепак толку беа силите. Во завршницата од средната гостите од Прилеп беа поквалитетни па така на крајот без проблеми дојдоа до убедлива победа со шест голови разлика.

Кај домашниот состав најефикасен со девет голови од 12 обиди беше Наум Костов, Филип Мечкаровски постигна шест голови.

Кај победничкиот гостински состав најрасположен за голови беше Димитар Димитриоски со осум од девет обиди, додека Шипинкоски, Шабановиќ и Квастек запишаа по пет погодоци.

ПретходноМилевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!
СледноФантастично: Ника Превц го урна светскиот рекорд на Планица!(ВИДЕО)