Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП.
Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0. Уште еднаш “Фуријата“ покажа зошто е веројатно најдобрата селекција во светот. Четата на селекторот Пауновиќ еднаставно немаше никакви шанси.
Ојарзабал со два гола и Муњоз покажаа кој е кој.
Во Базел вистинска голеада, Швајцарија – Германија 3:4 на крајот а победничкиот гол беше дело на Флоријан Вирц во 86.минута откако претодно беше 3:3. Вирц е сосема нешто друго кога игра за својата репрезентација отколку за Ливерпул. Тој вечерва “стрелаше“ двапати, а погодија за Германија и Гнабри и Тах. За домашните стрелци беа Ндоје, Емболо и Монтеиро.
Холандија славеше со 2:1 против Норвешка која настапи без Ерлинг Халанд. На “Јохан Кројф Арената“ во Амстердам стрелци за домашните беа Ван Дајк и Реиндерс, додека кај гостите тоа беше Шјелдеруп за 0:1.
Англија – Уругвај 1:1. Избраниците на Томас Тухел може да жалат ако се знае дека вечерва на “Вембли“ во Лондон, беа подобри, имаа неколку шанси а и водство со голот на Вајт во 81.минута. Сепак Уругвај израмни со гол од пенал во 90+4.минута преку Валверде.










