Според “Вардарпрес“: Претседател на клуб од ПМФЛ фатен во шверц на злато?! (ФОТО)

298
ФОТО:vardarpress.com/

Дали на повидок е голем скандал во мак- фудбалот? Имено како што јавуваат медиумите во Турција, поточно “vardarpress.com“,претседател на клуб од ПМФЛ е фатен во шверц злато во вредност од 300.000 евра. Како што пренесува порталот, неговите иницијали се Б.Х.

Тој бил фатен во возило на автопатот Батман – Сирт.

Контрола на патот спроведена од безбедносните сили во покраината Батман, Турција, откри прекуграничен скандал. Според извештаите, полицајци запреле такси под сомнение и претресле торба што му припаѓала на северномакедонски државјанин идентификуван како Б.Х. При претресот биле откриени 2 килограми и 581 грам стопено злато што се транспортирало нелегално“ се вели во написот на порталот.

No description available.

ПретходноКапело: “Врескав како луд, БиХ сепак е полесен ривал од Велс“!
СледноУЕФА засекогаш го менува терминот за финалето на Лигата на шампионите