Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

186
ФОТО:facebook.com/Inter

Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига.

Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона и им порача на Каталонците да започнат преговори со Италијанците.
Оваа вест ја објави во петокот Фабрицио Романо, а “Марка“ денес потврди дека Бастони ги прифатил сите услови на Барселона, која ќе му понуди повисока плата од онаа што ја има на „Џузепе Меаца“.
За прв пат по неговото доаѓање во Интер, Бастони беше подготвен да прифати нови предизвици во кариерата, а прва на ред од самиот почеток беше Барселона.
Интер е во финансиски проблеми и ќе мора да продаде некои ѕвезди, а Бастони сигурно е меѓу нив.
Се шпекулира дека почетната цена за Бастони е 70.000.000 евра, а Интер одби да вклучи некои играчи на Барселона во трансакцијата, односно сака само пари без размена.
Преговорите нема да бидат лесни, но Барселона нема избор и мора да доведе стопер ова лето.

ПретходноНовак со специјална порака: Браво Едине, браво БиХ! (ФОТО)
СледноОфицијално: Трајковски и Миовски се повлекоа од репрезентацијата, Барди и Алими остануваат, Атанасов отпадна!