На престижниот Меѓународен турнир во борење слободен стил за мажи Дан Колов и Никола Петров, кој се одржува во Пловдив, Владимир Егоров го освои златото.
Тој брилијантно доминираше и заслужено го освои златниот медал во категоријата до 61 кг, демонстрирајќи врвна техника, борбеност и самодоверба на секој меч.
На патот до златото, Егоров беше доминантен во сите борби: во првата борба, со убедливи 11:0 го совлада противникот од Бугарија. Во следното коло го победи Камил Керимов од Украина. Во финалето, со сигурни 4:0 го совлада Никита Абрамов.
1. Владимир Егоров (Македонија)
2. Никита Абрамов (Украина)
3. Камил Керимов (Украина)
4. Стилиан Илиев (Бугарија)










