ВМФЛ: Супер – дерби во Штип под рефлектори!

161
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial/

Денеска на програмата се сите осум средби од 22.коло во ВМФЛ. Седум се играат од 14:30 часот, а супер – дербито меѓу Брегалница и Охрид од 18 часот под рефлектори во Штип. Овој меч предизвикува големо внимание посебно ако се знае дека штипските “сини“ го дочекуваат лидерот и со евентуална победа и тоа како ќе се приклучат во битката за првото место. Во случај на пораз разликата ќе биде +6 бода за Охрид и тоа ќе биде тоа за тимот на Влатко Костов. Затоа ова дерби е од екстремна важност за двете екипи.

Шкендија (А) дома игра против Беласица, многу незгоден меч за тимот од Арачиново кој сега е второпласиран, а третиот Скопје гостува кај Вардар (Н) и не би требало да има проблеми да дојде до трите бода.

Ако во изминатите две кола првите четири екипи само победуваа и неаше поместувања на табелата, денеска нема да биде така.

ДВОЈКИ ЗА 22.КОЛО – ДЕНЕСКА (14:30 Ч)

Тетекс – Саса

Новаци – Преспа

Вардар (Н) – Скопје

Кожув – Г.Коњари

Победа – Детонит

Осогово – Слога (В)

Шкендија (А) – Беласица

Брегалница – Охрид (18:00 Ч)

ПретходноМВП издание на балканските браќа: Трипл-дабл на Јокиќ, Дончиќ броеше до 41 (ВИДЕО)
СледноРедовно Собрание на РФМ: Осум точки на дневен ред!