Дали селекторот на САД се шегува: Покетино верува во титула на Мундијалот!

90
ФОТО:.facebook.com/officialussoccer

Не е 1 април, ама така некако делува. Имено селекторот на репрезентацијата на САД, Маурицио Покетино, изјави дека неговите играчи можат да постигнат она што никој не мислеше дека е можно – да го освојат Светското првенство.
„ Зошто не ние? Мораме навистина да веруваме дека можеме да го направиме тоа. Мораме да сонуваме“, рече Покетино на прес-конференција.
Пред пријателските натпревари против Белгија во сабота и Португалија во вторник, Покетино јавно ја повтори пораката што им ја даде на играчите кога пристигнаа на тренинг оваа недела.

Соништата инспирираат реалност“, рече тој.
Тимот на САД не стигнал до полуфиналето на Светското првенство од првиот турнир во 1930 година и не се пласирал во четвртфиналето од 2002 година. Оттогаш, тимот е елиминиран во осминафиналето во 2010, 2014 и 2022 година, како и во групната фаза во 2006 година. Тимот на САД не успеа да се квалификува за Светското првенство во Русија во 2018 година.
Само осум репрезентации ја освоија титулата, Бразил пет пати, Германија и Италија по четири пати, Аргентина три пати, Франција и Уругвај по двапати, а Англија и Шпанија беа шампиони по еднаш.
Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули, а селекцијата на САД ќе игра во групата Д против Парагвај, Австралија и селекции од европските плејоф натпревари. Првите две екипи од сите 12 групи и осумте најдобри третопласирани екипи ќе се пласираат во втората фаза од Светското првенство.
„Мораме да им испратиме вистинска енергија и добри емоции на луѓето, за луѓето навистина да веруваат во нас и да нè поддржат“, рече Покетино.

ПретходноДориев: Ова е почеток на нешто ново, фокусот е на Р.Ирска!
СледноЈирген Клоп: “Салах е еден од најдобрите на сите времиња!“