И селекторот на Република Ирска, Халмгрисон ќе мора да менува во составот за пријателскиот меч со Македонија. Според ирските медиуми, Џек Тејлор е под знак прашалник за дуелот во вторник. Играчот од средниот ред на Ипсвич беше изненадувачкиот стартер во поразот од Чешка во четвртокот.
Но, менаџерот Хајмир Халгримсон изјави дека 27-годишникот се вратил дома за да биде со својата сопруга која се разболела. Тој, исто така, информираше и дека клупскиот соиграч на Тејлор, Сами Шмодикс, кој беше отпуштен од болницата во Прага во петокот откако накратко се онесвести по судир во продолжението нема да игра на овој натпревар.
Иако ова не е натпревар што ирските играчи го посакуваа, Халгримсон го гледа како почеток на процес на закрепнување од болката во Прага.
„Тоа е како сообраќајна несреќа; ако возите и удрите автомобил, најдоброто нешто што може да го направите е да се вратите во автомобилот и да возите, за тој ефект некако да исчезне“, рече тој.
„Веројатно е слично и во овој случај, добро е да имаме натпревар по ова за да се обидеме да го поправиме она што можеме да го поправиме, да продолжиме понатаму, а тоа е едно од нештата на кои треба да работиме, бидејќи не сме играле многу големи натпревари во минатото.“










