Кога Дон Карло ќе ти се јави во три часот наутро….

376
Фото: Brasil Football 🇧🇷@BrasilEdition X

Бразилскиот стопер Витор Реис, играч на Манчестер Сити кој моментално е на позајмица во Џирона, доби ненадеен повик да се приклучи на селекцијата на Бразил за пријателскиот натпревар против Хрватска.

И ништо не би било чудно ако тој повик не стигнеше околу три часот наутро, додека Реис спиеше во својот дом во овој шпански град.
Логично, Реис беше во шок кога ја прими веста, особено поради фактот што ниту самиот играч ниту неговиот тренерски штаб не очекуваа покана за репрезентацијата во овој момент. А поканата следеше по поразот на Бразил од Франција со 2:1 во пријателскиот натпревар одигран во Бостон.
Младиот фудбалер на привремена работа во Џирона накратко прослави со сопругата, ги повика родителите и членовите на тимот, а потоа веднаш се упати кон САД, каде што треба да дебитира за Бразил.
Патем, селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, имаше големи проблеми пред оваа репрезентативна акција. Играчот на првиот тим на Арсенал, Габриел, откажа поради повреда, додека Маркињос од ПСЖ веќе е надвор од игра.
Во тековната сезона, Витор Реис одигра 29 натпревари за Џирона, постигна еден гол и запиша една асистенција.

ПретходноУ-19: Холандија ни ја наполни мрежата…
СледноСензација: Вардар ЕМ го „прегази“ Наковски Волеј и за првпат го освои Купот на Македонија