Ракометарите на Куманово славеа на дуелот со Пелистер 2 со 31:29 и направија сериозен пробив во битката за опстанок во Суперлигата.
Со новите имиња во тимот, Радван и Закарија од Египет, кумановци покажаа сила и успеаја да се изборат за важен триумф. Покрај новајлиите, одличен меч одиграа и Ончев и Димевски.
Очекувана победа денеска оствари и екипата на Т. Пролет, која со 19:17 го победи Радовиш на гости.










