Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, победи на квалификациите за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука.
По својот прв триумф во кариерата на претходната трка во Кина, Италијанецот навести дека може да постигне уште еден триумф на азиско тло и постави најбрзо време од 1:28.778 минути.
Зад Антонели беше неговиот клупски колега Британецот Џорџ Расел, со речиси три десетинки заостанување, додека Оскар Пјастре од Мекларен ќе стартува од вториот ред на третото место, а Шарл Леклер од Ферари, кој ги заврши квалификациите на четвртата позиција.
Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен доживеа целосен дебакл. Холанѓанецот во Ред Бул не стигна до последниот дел од квалификациите и ќе ја започне утрешната трка само од 11-та позиција.
Here’s how the drivers line up for Sunday’s race 👇#F1 #JapaneseGP pic.twitter.com/CQJ3D1qh30
— Formula 1 (@F1) March 28, 2026
Гран При на Јапонија ќе се одржи во недела во седум часот.










