Леонард Жута, офанзивниот бек на Славен Белупо и некогашен македонски репрезентативец доживеа тешка повреда, најтешјка кај спортистите. Имено тој ги скина предните вкрстени лигаменти и пред него е пауза од девет месеци. Ова значи дека не само што е крај на оваа сезона туку е крај и за цела 2026 година за искусниот Жута кој оваа сезона за Славен Белупо имаше забележителни настапи а постигна и неколку прекрасни голови.
Како што информираат од неговиот клуб, до повредата дошло на тренинг.
Сега следва долга и мачна рехабилитација. Инаку за Славен Белупо успешно настапува, исто така некогашен македонски репрезентативец, Илија Несторовски.










