Некогашниот двоен македонски шампион, тимот на Струга ТЛ денеска на свој терен во пријателски натпревар одигра без голови против Поградец, тим од Втората лига на Албанија.
Ова беше убава шанса за стратегот на стружани, Бледи Шкемби да им даде шанса на сите свои играчи, па и на оние кои во изминатиот дел од пролетната полусезона немаа поголема минутажа.
Струга ТЛ создаде неколку шанси, можеше да дојде до победата, но сепак на крајот резултатот остана оној почетниот 0:0.
Инаку во пресрет на 25.коло од 2 до 5 април, Струга ТЛ има -5 бода во однос на водечките на табелата Вардар и Шкендија. Стружани играа дома со Работнички на 5 април.















