Сензација: Вардар ЕМ го „прегази“ Наковски Волеј и за првпат го освои Купот на Македонија

151
фото: Одбојкарска федерација на Македонија (FB)

Одбојкарките на Вардар ЕМ се сензационални освојувачки на одбојкаркиот Куп на ОФМ за 2026 година. Денеска во големото финале на Ф4 турнирот во Скопје, „вардарки“ со максимални 3:0 ја совладаа екипата на Наковски Волеј од Струмица, која беше актуелен бранител на трофејот.


ФИНАЛЕ НА КУП НА ОФМ 2026 (Ж):

ВАРДАР ЕМ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ   3:0 (25:22, 25:12, 25:22)


Вардар ЕМ уште во првиот сет најави дека оди на големо изненадување. Тимот предводен од тренерот Шапе, успеа да го освои првиот сет со 25:22, а потоа следуваше фантастично доминантен втор сет во кој струмичанки не успеаја да се кренат и дозволија „вардарки“ убедливи да го освојат сетот со 25:12.

Нови возбудувања видовме во третиот сет. Вардар ЕМ отвори одлично, поведен со поголема разлика, по што во завршницата Наковски Волеј успеа да се приближи на само неколку поени негатива. Нападот на струмичанки профункционира и со тоа Наковски Волеј се приближи на само поен негатива (22:21). Сепак, Вардар ЕМ го издржа налетот, успеа да дојде до меч-топка на 24:21, па потоа и на 24:22 и на крајот успеа да го повтори мпрвиот сет за голема радост на „црвено-црните“ фанови.

ПретходноКога Дон Карло ќе ти се јави во три часот наутро….
СледноЧаир со фуриозно второ полувреме ги „скриши“ Ангели