Како со Германија пред три дена, така и денеска со Франција, пораз со 1:2 за нашата У-17 селекција на елитните квалификации на турнирот во Словенија. По овој втор пораз на вториот меч и дефинитивно ги загубивме шансите за пласман на ЕП. Последниот трет меч со домашната селекција на Словенија во групата ќе биде само од ревијален карактер.
Сепак треба да се каже дека Македонија добро почна, имавме и водство од 1:0 со голот на Џангаровски од пенал во таа 22.минута. Но, само една минута подоцна Франција израмни на 1:1 со голот на Лоуфундоу. Штета, не успеавме да го задржиме водството ни шеесетина секунди. Тие 1:1 важеа се до 63.минута кога Амаоуч и донесе победа на Франција на овој меч.
По второ коло Македонија е убедливо последна во групата со нула бодови.
За Македонија на овој меч настапија:
Грчевски, Миронски, Иванов, Михајловски. Ф. Цветковски,
Мирчевски, Џангаровски, Чедомирски, А. Цветковски, Трпевски, Стојковски.
Играа уште: Илјазовски, Јазаџикиќ, Петровски, Аломеровиќ и Папалиски.










