Чаир со фуриозно второ полувреме ги „скриши“ Ангели

101

Кошаркарите на Чаир остварија победа на гостувањето кај Ангели со 78:85 во меч од 21. коло во домашниот шампионат. За чаирчани ова беше десетта сезонска победа со која се најдоа на 6. место на табелата.

Интересно е што во првото полувреме, Ангели беа во подобра позиција. Првата четвртина ја освои со 27:26, а потоа направи и нова предност од плус осум поени, па на пауза замина со водство од 49:40.

Сепак, Чаир успеа да се врати во игра уште со првите минути од второто полувреме. Со силна трета четвртина, гостите успеаја по 30 минути игра да дојдат на само поен негатива (65:64). Во последната четвртина работите комплетно им појдоа од рака на чаирчани кои до крајот го скршија отпорот на Ангели и дојдоа до посакуваната победа.

Билингсли со 30 поени беше најефикасен кај Чаир. Кај екипата на Ангели, Стефанов постигна 32 поени.

ПретходноСензација: Вардар ЕМ го „прегази“ Наковски Волеј и за првпат го освои Купот на Македонија
СледноАлкалоид лесно го реши Тиквеш, Пелистер според планот кај Бутел