Капитенот на екипата на Вардар ЕМ, Ана Јаничиќ, беше прогласена и за најкорисен играч на Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција.
Во денешното финале во дебитантот Вардар ЕМ успеа да го совлада бранителот на титулата, Наковски Волеј со 3:0 и да триумфора на 33. издание од Купот на ОФМ.
Јаничиќ како и во полуфиналето, така и вечерва во финалниот дуел имаше одличен настап и заслужено го доби признанието.










