Алкалоид лесно го реши Тиквеш, Пелистер според планот кај Бутел

83

Очекувани резултати на двете средби во Скопје во рамките на третото коло во плеј-офот.

Алкалоид на домашен терен славеше против Тиквеш со 40-24 и ја продолжи традицијата и доминцијата во пресметките со овој тим.

Победникот беше познат после едно полувреме, избраниците на Кирил Лазаров имаа предност од осум гола (20-12). Во продолжение не беше тешко да се одржи позитивата, Никола Костески со деветтиот погодок зголеми на двоцифрени 31-21 во 49-та минута. Алкалоид лесно ги завери бодовите.

Браќата Костески беа лидери кај победникот, заедно постигнаа 15 гола. Во редовите на Тиквеш, Стојановски имаше шест погодоци.

Пелистер после поразот од Вардар и после репрезентативната пауза се рехабилитираше против Бутел Скопје, на гостински терен славеше со убедливи 25-42. Битолчани отворија со 0-7, додека домаќинот првиот гол го постигна во 11-та минута преку Шилегов. После 30 минути игра резултатот бепе 9-23, па на битолчани им остана рутинската задача.

Кај победникот седум гола имаше Хаџиќ, еден помалку запиша Манасков. На другата страна Михајловиќ реализираше пет погодоци.

ПретходноЧаир со фуриозно второ полувреме ги „скриши“ Ангели
СледноШтипска радост: Брегалница со „минималец“ ги освои бодовите против Охрид