Вини не тренираше со Бразил, под знак прашалник настапот против Хрватска

39

Винисиус Жуниор, по се изгледа, ќе го пропушти следниот натпревар на репрезентацијата на Бразил.

Според „Глобо Ешпорте“, 25-годишниот крилен напаѓач, кој го одигра целиот натпревар против Франција (1-2), денес не тренирал со своите соиграчи. Тој бил само во теретана и не излегол на тренингот на теренот.

Учеството на играчот на Реал Мадрид на пријателскиот натпревар против Хрватска е под знак прашалник. Натпреварот ќе се одигра во Орландо ноќта меѓу 31 март и 1 април.

ПретходноИ Ирците останаа без двајца фудбалери за натпреварот со Македонија
Следно„Аѕурите“ против Босна без Скамака, неизвесни Политано и Бастони