Денеска на програмата се сите осум средби од 22.коло во ВМФЛ. Седум се играат од 14:30 часот, а супер – дербито меѓу Брегалница и Охрид од 18 часот под рефлектори во Штип. Овој меч предизвикува големо внимание посебно ако се знае дека штипските “сини“ го дочекуваат лидерот и со евентуална победа и тоа како ќе се приклучат во битката за првото место. Во случај на пораз разликата ќе биде +6 бода за Охрид и тоа ќе биде тоа за тимот на Влатко Костов. Затоа ова дерби е од екстремна важност за двете екипи.
Шкендија (А) дома игра против Беласица, многу незгоден меч за тимот од Арачиново кој сега е второпласиран, а третиот Скопје гостува кај Вардар (Н) и не би требало да има проблеми да дојде до трите бода.
Ако во изминатите две кола првите четири екипи само победуваа и неаше поместувања на табелата, денеска нема да биде така.
ДВОЈКИ ЗА 22.КОЛО – ДЕНЕСКА (14:30 Ч)
Тетекс – Саса
Новаци – Преспа
Вардар (Н) – Скопје
Кожув – Г.Коњари
Победа – Детонит
Осогово – Слога (В)
Шкендија (А) – Беласица
Брегалница – Охрид (18:00 Ч)










