Маџари го “реши“ Феникс 2010!

45

Иако се одигра мечот од 21.коло во кошаркарската Суперлига во “утрински“ термин од 12 часот, тоа не им пречеше на кошаркарите да славата победа против составот на Феникс 2010 со 72:82.

Веројатно добро им дојде тоа што иако беа гости, сепак играа на свој терен во салата во Маџари.

Ова беше единаесетта победа за тимот на Маџари, со која сега се на 4.место на табелата, но и со меч повеќе од Кожув, додека за Феникс 2010 ова беше 13-ти пораз.

Освен во првата четвртина, која ја доби со 23:18, Феникс 2010 во текот на преостанатиот дел од оваа средба беше во подредена ситуација. Прво Маџари успеа да ја стигне оваа разлика од -5 во втората четвртина а потоа и да поведе со +5, со која се замина и на пауза.

Во второто полувреме кошаркарите на Маџари одиграа квалитетно, знаеја како да дојдат до победата и на крајот се радуваа на истата.

Кај домашните Рахама со 21 поени беше најефикасен, додека кај победничкиот состав дури тројца запишаа по 16 поени, Хот, Димчевски и Армстронг.

ПретходноМавританците со порака: “Не си одиме додека не го добиеме дресот на Меси!“(ВИДЕО)
СледноМакедонија во Даблин без Елмас, Барди, Миовски…