Не можат без „ниски удари“: Грците ги ставија охриѓани да тренираат во „балон“!? (ФОТО)

321
фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid (FB)

Ракометарите на Охрид вечерва го одработија единствениот тренинг во Атина, пред утрешниот натпревар од 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот Куп против Олимпијакос. Но, наместо во салата каде утре ќе се одигра натпреварот, како што тоа е правило пред европските натпревари, домаќините го испратија Охрид да тренира во „балон“.

Освен што ова покриено игралиште не ги задоволува европските ракометни стандарди за височина на таванот, во него и тешко се дише за да може да се одржи нормален тренинг. Грците и овој пат покажаа дека во дуелите со македонските ракометни екипи како едвај да чекаат да направат провокација.

ПретходноХет-трик: Штип УГД и оваа година е освојувач на Купот на Македонија
СледноМанчестер Ј. се премисли: Нов договор за Каземиро, се чека одговор од Бразилецот