Ракометните клубови добиваат дополнителни финансиски средства од Министерството

102

Ракометната Федерација на Македонија во овој момент го одржува Редовното Собрание. Пред да започне истото со дневниот ред на кој има осум точки, се обрати претседателот на РФМ, Александар Стефанов, кој откри дека клубовите во ракометот ќе добијат дополнителни средства од оние што ги добија претходно.

„Министерот Борко Ристовски покрај тоа што е министер за сите спортови, тој е повеќе наклонет повеќе кон ракометот, за да се истиот се развие. Министерот издејствува дополнителни средства од неговиот буџет покрај редовните што ги добивте. Дел од средствата ќе ви бидат префрлени сега, а другите ќе ви бидат префрлени во месец август“, изјави Стефанов пред присутните членови на Собранието. 

Министерот Ристовски им вети на клубовите дека ќе добијат дополнителни 86 милиони денари, а истите ќе бидат префрлени по договор со РФМ.

„Најголем дел од средствата одат во ракометот зошто е спорт број еден“, рече Ристовски. 

ПретходноЧоло Симеоне и следната сезона на клупата на Атлетико Мадрид!
Следно“Бомба“: ГРК Охрид се засилува со екс – ракометар на ПСЖ и Киелце!