Редовно Собрание: РФМ ќе донира опрема за Прва лига мажи и жени, награда за меѓународните судии!

88

Ракометна федерација на Македонија го одржа Редовно Собрание на кое беа присутни 45 од вкупно 47 членови.

Претседателот на РФМ, Александар Стефанов ја отвори седницата, го прочита извештајот од сите активности во измнинатата година, учествата на сите национални тимови потенцирајќи дека се надева дека женската сениорска репрезентација ќе се пласира на Европското првенство 2026 година. Воедно тој им го честита на Алкалоид освоениот пехар во ЕХФ Европскиот Куп најдевајќи се дека истиот успех ќе го повтори ГРК Охрид.

Првиот човек на РФМ извести дека „Трофеј Македонија“ ќе се одржи и оваа година, повторно во Охрид, а нашите ракометарки ќе одиграат силни натпревари против Србија, Црна Гора и Хрватска.

„Трофеј Македонија оваа година Србија, Црна Гора и Хрватска, повторно ќе биде во Охрид. Организиравме повеќе од шест каравани, градовите покажаа голем интерес, продолжуваме со нив, да добијт едукативен карактер, кој очекуваме да ја зголемат базата на деца во ракометот“, рече Стефанов.

Претходно“Бомба“: ГРК Охрид се засилува со екс – ракометар на ПСЖ и Киелце!
СледноАлкалоид по лесни два против Тиквеш, Пелистер по рехабилитација во Скопје