Седлоски: „Трајковски и Миовски не беа задоволни што не беа стартери, но никој нема загарантирано место“!

700

Можеше да се очекува дека по оние 4:0 од Данска во Копенхаген, некои работи во репрезентацијата на Македонија нема да бидат добри. Се чувствуваше нервозата, лутината и гневот кај Александар Трајковски и Бојан Миовски, а денеска веќе е официјално. И двајцата се повлекоа од репрезентацијата според ФФМ, а селекторот Гоце Седлоски со свој коментар:

Александар Трајковски не беше задоволен што не започна во првиот состав, но во овој момент сметам дека физички не е на нивото потребно за да одговори на барањата на ваков натпревар. Нашиот план беше, доколку има потреба, Трајковски да добие шанса во завршницата, но текот на натпреварот не го наложи тоа. Нема причина некој да се чувствува навреден.

Слична беше ситуацијата и со Бојан Миовски, кој исто така не беше задоволен што не започна, но мора да се прифати дека во репрезентацијата има 23 фудбалери и никој нема загарантирано место во почетниот состав“, изјави Седлоски.

ПретходноОфицијално: Трајковски и Миовски се повлекоа од репрезентацијата, Барди и Алими остануваат, Атанасов отпадна!
СледноУжасни сцени во Прилеп: Капитенот на Победа колабираше на теренот, па беше пренесен во болница!