Сензационално: Килијан Мбапе прави трансфер?!

408
ФОТО: Équipe de France de Football/fb

Сензационално! Да, Килијан Мбапе веројатно ќе прави трансфер, но не си оди од Реал Мадрид, туку од “Најк“. По речиси долги години партнерство, едно од најзначајните партнерства во модерниот фудбал би можело да заврши. Килијан Мбапе, кој е лице на Најк во светскиот фудбал од 2018 година, е исклучително блиску до промена на својот главен спонзор.

Според информациите од француското издание „Le Parisien“, капитенот на „петлите“ размислува да ја напушти американската компанија ова лето. Договорот на напаѓачот од Мадрид со брендот истекува на 30 јуни, точно на средина од Светското првенство. “Најк“ е со Килијан Мбапе од неговата 8-годишна возраст. Првично обезбедувајќи му фудбалски копачки, компанијата подоцна му понуди еден од најголемите договори некогаш дадени на играч на негови години – вреден околу 30 милиони евра во период од девет години што завршува ова лето. Француската фудбалска федерација (FFF), која е исто така спонзорирана од “Најк“, како и самата американска компанија, веќе презедоа свои мерки на претпазливост во овој случај.

Договорот на Мбапе ќе биде продолжен за еден месец. Целта е да се обезбеди континуирано присуство на ѕвездата како лице на брендот за време на глобален настан како што е Светското првенство. Ова е од најголема важност за брендот swoosh, особено кога турнирот е на домашната сцена на компанијата.
Кога договорот на Мбапе со „Најк“ беше обновен за последен пат, германскиот гигант „Aдидас“ се обиде да го привлече со понуда што ја надминуваше сегашната за најмалку 20 милиони евра. Брендот тогаш не можеше да го финализира договорот, но денес ситуацијата изгледа поинаку. Според Le Parisien, „Aдидас“ повторно е во трка за потписот на светскиот шампион.

ПретходноМанчестер Ј. се премисли: Нов договор за Каземиро, се чека одговор од Бразилецот
СледноСабаленка го освои Мајами и влезе во посебно друштво