У-19: Холандија ни ја наполни мрежата…

295

Холандија – Македонија 4:0 е исходот од денешниот меч на квалификацискиот турнир во првата рунда кој се игра во Холандија. Убедлив пораз на нашата селекција до 19 години на овој турнир. По ремито без голови против Ф. Острови пред три дена, и не можеше да се очекува ништо повеќе денеска против силната селекција на Холандија.

Веќе во 13.минута беше 2:0 за домашниот состав со головите на Реулен и Беленс. Во второто полувреме Реулен стрелаше уште двапати за 4:0 со што мечот го заврши со хет-трик.

Македонија на последниот меч ќе ги одмери силите против Молдавија на 31 март.

Селекторот Димитар Капинковски им даде шанса на овие фудбалери:

Трајков, Маркоски, Мустафи, Кесиќ, Секирски, Талески, Димовски, Ангелески, Мрмачоски, Велков, Танчев.

Играа уште и: Бучевски, Бранковски, Илјази, Марковски, Рочи.

ПретходноУ-17 елитни квалификации: Македонија со пораз и од Франција!
СледноКога Дон Карло ќе ти се јави во три часот наутро….