Кошаркарите на Чаир остварија победа на гостувањето кај Ангели со 78:85 во меч од 21. коло во домашниот шампионат. За чаирчани ова беше десетта сезонска победа со која се најдоа на 6. место на табелата.
Интересно е што во првото полувреме, Ангели беа во подобра позиција. Првата четвртина ја освои со 27:26, а потоа направи и нова предност од плус осум поени, па на пауза замина со водство од 49:40.
Сепак, Чаир успеа да се врати во игра уште со првите минути од второто полувреме. Со силна трета четвртина, гостите успеаја по 30 минути игра да дојдат на само поен негатива (65:64). Во последната четвртина работите комплетно им појдоа од рака на чаирчани кои до крајот го скршија отпорот на Ангели и дојдоа до посакуваната победа.
Билингсли со 30 поени беше најефикасен кај Чаир. Кај екипата на Ангели, Стефанов постигна 32 поени.










