Во големото дерби на 22. коло на Втората македонска фудбалска лига, фудбалерите на Брегалница забележаа важната победа против директниот конкурент за пласман во елитата, екипата на Ојрид Лихнидос со 1:0.
Штипските „сини“ ги освоија трите бода со голот на Лука Георгиев, кој испрати еден проектил од далечина во финишот на првиот дел од мечот за водство, кое подоцна се покажа и како клучно за победата на натпреварот.
Охриѓани имаа силен финиш, но не успеаја да дојдат до израмнување. Избраниците на Костов успеаја да се одбранат и да ја сочуваат тешко стакнатата предност. Со овие три бода Брегалница се израмни со Охрид и Шкендија Арачиново на делба на второто место на табелата.










