Очекувани резултати на двете средби во Скопје во рамките на третото коло во плеј-офот.
Алкалоид на домашен терен славеше против Тиквеш со 40-24 и ја продолжи традицијата и доминцијата во пресметките со овој тим.
Победникот беше познат после едно полувреме, избраниците на Кирил Лазаров имаа предност од осум гола (20-12). Во продолжение не беше тешко да се одржи позитивата, Никола Костески со деветтиот погодок зголеми на двоцифрени 31-21 во 49-та минута. Алкалоид лесно ги завери бодовите.
Браќата Костески беа лидери кај победникот, заедно постигнаа 15 гола. Во редовите на Тиквеш, Стојановски имаше шест погодоци.
Пелистер после поразот од Вардар и после репрезентативната пауза се рехабилитираше против Бутел Скопје, на гостински терен славеше со убедливи 25-42. Битолчани отворија со 0-7, додека домаќинот првиот гол го постигна во 11-та минута преку Шилегов. После 30 минути игра резултатот бепе 9-23, па на битолчани им остана рутинската задача.
Кај победникот седум гола имаше Хаџиќ, еден помалку запиша Манасков. На другата страна Михајловиќ реализираше пет погодоци.










