Алкалоид по лесни два против Тиквеш, Пелистер по рехабилитација во Скопје

59
фото: RK Alkaloid (FB)

После репрезентативната пауза денеска продолжуваат мечевите во плеј-оф и плеј-аут лигата. Два меча се на програмата во плеј-офот, и двата се играат во Скопје.

Алкалоид после ремито во Охрид, на домашен терен го пречекува ГРК Тиквеш, дуелот стартува во 18 часот. Кирил Лазаров и неговите момци се фаворити на оваа средба, тие доминираат во пресметките со кавадарчани, кои пак имаат само едно реми (12.02.2023 година). Од овој момент сите останати мечеви се во знакот на Алкалоид.

Актуелниот првак, Пелистер пак после поразот од Вардар на домашен терен ќе бара рехабилитација на гостински терен кај Бутел Скопје, и овој натпревар стартува во 18 часот.

Во плеј-аут листата Радовиш е домаќин на Пролет (17 чаасот), додека Куманово го пречекува вториот тим на Пелистер (19 часот).

ПретходноРедовно Собрание: РФМ ќе донира опрема за Прва лига мажи и жени, награда за меѓународните судии!
СледноКуп на Македонија: Штип УГД VS Борец кај мажите во финалето, кај жените Наковски Волеј со Вардар ЕМ!