„Аѕурите“ против Босна без Скамака, неизвесни Политано и Бастони

33
фото: Nazionale Italiana (X)

По победата над Северна Ирска, италијанската фудбалска репрезентација веднаш се врати на тренинзи во Коверчано за подобро да се подготви за финалето на плејофот на Светското првенство против Босна и Херцеговина. Сепак, четирикратните светски шампиони се соочуваат со проблеми.

Вчера Италијанците одработија лесен тренинг за закрепнување, а денес одработија еден тренинг, по што италијанскиот медицински тим ќе треба да ја процени физичката состојба на неколку клучни играчи.

Најголемите сомнежи се поврзани со дефанзивецот Алесандро Бастони, кој неодамна ја залечи повредата на глуждот, и крилниот напаѓач Матео Политано, кој моментално тренира со завој на левата потколеница.

И двајцата го започнаа натпреварот против Северна Ирска како стартери, но не се целосно подготвени и се во процес на забрзано закрепнување пред натпреварот во Зеница.

Гатузо ќе мора да донесе конечни одлуки за нивниот настап во наредните часови, врз основа на проценката на лекарот. Џанлука Скамака дефинитивно нема да му биде на располагање на Гатузо поради повреда.

ПретходноВини не тренираше со Бразил, под знак прашалник настапот против Хрватска
СледноХет-трик: Штип УГД и оваа година е освојувач на Купот на Македонија