“Бомба“: ГРК Охрид се засилува со екс – ракометар на ПСЖ и Киелце!

337
ФОТО:magyarnemzet.hu/

ГРК Охрид и дефинитивно не се шегува. Како што пренесува “balkan-handball“, амбициозниот македонски клуб добива екстра засилиување и тоа во името на Доминик Мате, репрезентативец на Унгарија, сегашен член на Елверум и екс – ракометар на гигантите ПСЖ и Киелце.

Фактот дека 27-годишниот десен бек веќе има четири сезони зад себе во Лигата на шампионите на ЕХФ, каде што играше со скандинавскиот тим, но и со ПСЖ, чиј член беше од 2022 до 2024 година, исто така покажува за каков профил станува збор. Мате играше во Балатонфуред и, како еден од најталентираните левораки играчи во Европа во својата генерација, ја започна својата кариера, прво во Елверум, потоа во Париз, од каде што се врати во Норвешка, каде што постигна 29 гола во Лигата на Европа на ЕХФ досега оваа сезона. Вкупно, тој постигна 240 гола на меѓународната сцена играјќи за три клуба.
Мате пристигнува во Охрид во своите најдобри играчки години. Охриѓани долго време бараа „капиталец“ на позицијата десен бек, а на крајот изборот падна на унгарскиот ас.

ПретходноРакометните клубови добиваат дополнителни финансиски средства од Министерството
СледноРедовно Собрание: РФМ ќе донира опрема за Прва лига мажи и жени, награда за меѓународните судии!