Владимир Егоров освои златен медал во Бугарија

36
Фото: МОК

На престижниот Меѓународен турнир во борење слободен стил за мажи Дан Колов и Никола Петров, кој се одржува во Пловдив, Владимир Егоров го освои златото.

Тој брилијантно доминираше и заслужено го освои златниот медал во категоријата до 61 кг, демонстрирајќи врвна техника, борбеност и самодоверба на секој меч.

На патот до златото, Егоров беше доминантен во сите борби: во првата борба, со убедливи 11:0 го совлада противникот од Бугарија. Во следното коло го победи Камил Керимов од Украина. Во финалето, со сигурни 4:0 го совлада Никита Абрамов.
 1. Владимир Егоров (Македонија)
 2. Никита Абрамов (Украина)
 3. Камил Керимов (Украина)
 4. Стилиан Илиев (Бугарија)

ПретходноРедовно Собрание на РФМ: Осум точки на дневен ред!
СледноМерцедес продолжи да доминира над Сузука, Макс беше катастрофален